Од утре нови процедури за влез и излез на транспортните компании од земјата

“Од утре 24 март секоја транспортна компанија за влез и излез од земјата мора да поседува дозвола која се однесува на професионални возачи на товарни возила, а која ќе ја издава Државниот здравствен и санитарен инспекторат, изјави министерот за транспорт Горан Сугаревки.
За да нема застој,  министерот ги упати транспортните компании дозволите да ги вадат и преку Асоцијациите на транспортери.

“Превoзот на стока е предуслов за одржување на нормалното работење на стопанството и затоа сите учесници восинџирот на достава на стоки до крајниот корисник мора да ги запазат сите препораки за лична и колективна одговорност”, вели Сугарески.

За непрелчено одвиивање на транспортот на сотки воведени се и нови процедури за превоз на стока, како во домашниот така и во меѓународниот транспорт согласно настанатата состојба. (Сите нови процедури прочитајте ги тука.)

“Исто така утврдени се и нови процедури за постапување во синџирот на утовар – растовар и превоз на стока во внатрешниот сообраќај. Овие процедури се однесуваат на работењето на магацинските делови за прием и испорака на стока, на царинските и граничните премини, на шпедитерските услуги и директно на возачите што го вршат превозот на стока во внатрешниот и меѓународен сообраќај”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот потенцираше дека на компаниите на располагање им стои и целиот капацитет на  железнички транспорт.

Тој информираше и за тоа дека запазени се сите мерки и ограничувања во делот на превозот на патници.
Во однос на градежниот сектор, министерот истакна дека се очекува намалување на градежната активност заради настаната состојба но и дека нема голем застој во реализација на капиталните проекти.

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски информираше дека движењето на стока продолжува непречено да се спроведува и дека се преземени сите  мерки за олеснување на царински постапки.

“Имено, за времетрање на полицискиот час дозволено е движење на транспортни средства во рамките на тразнитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и зедничко извозно транзитна постапка.  Превозниците кои се движат во рамките на поедноставена постапка во транзит и поедноставена постапка, локално царинење при увоз не смеат во никој случај да ја напуштат одобрената локација за времетрање на полицискиот час. Ова ослободување од ограничување важи за царинските испостави: Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Богородица и Меџитлија. Во рамки на ЦЕФТА, заедно со Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договораат  протоколи за лесно и безбедно движење на стоките. Договорено е воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно  зелен и син канал за побрз проток на определни стоки и оелснување на транспорт”, изјави директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Тој истакна дополнителни мерки за олеснување на царинското работење потенцира дека на предлог на Министерството за економија и на Царинската управа ќе се донесе  одлука ослободување на плаќање на царина за средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема.

Прес-конференција на МТВ Сугарески и директорот на Царинска управа Танаскоски

[🔴Во живо] Прес-конференција на МТВ Сугарески и директорот на Царинска управа Танаскоски

Publiée par Влада на Република Северна Македонија sur Lundi 23 mars 2020