Од 1 јануари годинава Кина ги намали увозните царини за над 850 производи

Кина ги намали царините на 850 производи почнувајќи од 1 јануари годинава за да ја поттикне надворешно-трговската размена и за да ја подобри увозната структура согласно со потребите на домашното население и компании.

На листата производи за кои се намалува царината која ја објави кинеското министерство за финансии се многу потрошувачки производи,хемиски производи, нафтени производи, облека, килими, оптички прибори, трактори, производи од дрво и хартија…

Меѓу производите за кои ќе бидат намалени царините се смрзнато свинско месо, смрзнато авокадо, свеж сок од портокал, риба, ореви, сирење за кои постои недостиг на домашниот пазар заради зголемената домашна потрошувачка.

Кинеските власти планираат да ја уникант царината за увоз за некои фамрацевстки производи за лекување на астма, како и суровини за производство на нови лекови за дијабетес со цел да се намалат здравствените трошоци и да се поттикне производството на нови лекови.

Од 1 јули годинава Кина планира дополнително да ги намали и царините за некои производи од областа на информационата технологија, како и царините за принтери, делови за аудио рекордери, пејсмекери…