Од 1 јануари годинава Кина почна да ги прифаќа АТА карнетите за стоки за спортски намени

Од 1 јануари 2020 година Кина ќе почне да ги прифаќа АТА карнети за привремен прием на стоки за спортски намени, се вели во известувањето Светската царинска организација (WCO).

АТА карнетот, кој честопати се нарекува „Пасош за стока“, е меѓународен царински документ кој дозволува привремен извоз и увоз на стоки без царина и данок до една година.
Документот во моментов е прифатен на 78 царински територии.

Овој потег нуди многу можности за тргување, посебно што доѓа во време кога Кина се подготвува за Зимските олимписки игри во 2022 година.

Кина почна да го имплементира АТА карнет системот уште во 1998 година, почнувајќи со стоки за изложби и саеми, дозволувајќи професионална опрема и комерцијални примероци да влезат на кинескиот пазар.