ОЕЦД предлага стимулации за најтешко погодените сектори од коронавирусот

Коронавирусот е најголемата закана за глобалната економија од финансиската криза во 2008 година досега, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), предупредувајќи дека во случај на неконтролирано ширење на болеста, еврозоната и Јапонија би можеле да паднат лесно во рецесија.

Covid-19 или корона вирусот Ковид-19 се шири од Кина во други земји, предизвикувајќи илјадници заразени и човечки жртви, како и бројни нарушување на економската активност низ светот.
Веќе отворено се предупредува дека јавното здравство е изложено на висок ризик, а болеста носи и ризици од поизразено ограничување на движењето на луѓето, стоките и услугите, нарушената доверба кај деловните субјекти и потрошувачите, како и намалување на потрошувачката и на производството, објаснуваат од ОЕЦД.

 Послаб раст на економијата


Оценувајќи ги изгледите за светската економија, ОЕЦД дефинираа поповолно сценарио, во кое ширењето на коронавирусите е во голема мерка ограничено, а се заснова на „домино“ ефектот на ширење на инфекцијата ширум светот. Дури и во поповолното сценарио, според проценките на ОЕЦД, глобалната економија остро ќе се намали во првата половина од оваа година, како резултат на притисоците врз ланците за снабдување и падот на  на туристичкиот сообраќај и пад на довербата.

Според ова сценарио, светската економија оваа година би требало да порасне за 2,4%, половина процентен поен помалку во споредба со 2019 година. Потоа би требало растот да забрза на 3,3% во 2021 година, проценува ОЕЦД.
Во исто време, проекциите за раст на кинеската економија предвидуваат раст за годинава под 5%, што е забавување од ланските 6,1%.

Во случај на побрзо ширење на заразата по поширокиот азиско-пацифички регион и развиените економии, во согласност со епидемијата во Кина, глобалниот раст годинава би можел да достигне 1,5%, предупредува ОЕЦД. Тоа е за половина помалку од проекцијата за светскиот раст на ОЕЦД во ноември минатата година.

„Мерките за сузбивање на заразата и губењето на довербата ќе ги погодат производството и потрошувачката и ќе ги турнат некои земји во рецесија, вклучително Јапонија и еврозоната“, соопшти ОЕЦД.


Флексибилни форми на работа и привремени даноци

„Коронавирусот може да нанесе уште еден голем удар врз глобалната економија, која е веќе ослабена од трговските и политичките конфликти“, смета главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бу.

Затоа, ОЕЦД ги повикува владите да преземат итни активности за спречување на епидемијата, поддршка на системот за здравствена заштита, стимулирање на побарувачката и обезбедување финансиска помош на најтешко погодените домаќинства и компании.

За да се зачуваат работните места, треба да се воведат флексибилни форми на работа, а владите треба да воведат привремени даночни и буџетски мерки за да го ублажат влијанието врз секторите кои се најтешко погодени, како што се транспортот, туризмот, како и автомобилската и електронската индустрија, посочува ОЕЦД.

Во земјите кои се најпогодени од коронавирусот, банките исто така треба да бидат обезбедени со доволно ликвидност за да им помагаат на компаниите со парични проблеми додека постојат мерките за сузбивање на заразата, препорачуваат од ОЕЦД.

Доколку епидемијата се шири во други области, најголемите и најразовените светски економии во светот (Г20) треба да водат меѓународно координирана рамка за поддршка на здравствениот систем, заедно со координирана фискална и монетарна политика за враќање на довербата, додаваат од ОЕЦД.