Германската автомобилска компанија Volkswagen соопшти дека прилагодената оперативна добивка за 2020 година е скоро преполовена, но дека испораките на автомобили силно се обновиле во четвртиот квартал.

Најголемиот светски производител на автомобили соопшти дека цела година оперативниот профит прилагоден за емисиите на дизел достигна 10 милијарди евра, во споредба со 19,3 милијарди во 2019 година.
„Испораките до клиентите од групацијата Volkswagen продолжија силно да се опоравуваат во четвртиот квартал, па дури и ги надминаа испораките од третиот квартал во 2020 година“, информираат од Volkswagen.

Продажбата кај германскиот производител на автомобили се зголеми за 1,7% во декември, додека регистрациите на нови автомобили од секторот како целина во Европа паднаа за скоро 4%, покажаа податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили.

Како и неговите ривали, Volkswagen се соочува со неколку предизвици поради пандемијата на Ковид 19, како и глобалниот недостиг на чипови потребни за производство.

Производителот на автомобили во четвртокот објави дека минатата година не ги остварил целите на ЕУ за емисиите на јаглерод диоксид (СО2) од возниот парк на патнички автомобили и се соочува со казна од над 100 милиони евра.

Извор: Reuters