Отворена нова фабрика која ќе произведува и извезува екстракти од канабис на европскиот пазар

Фото: МИА

Фабрика за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди денеска официјално беше отворена во Општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.

Се работи за гринфилд инвестиција од над 16 милиони евра на компанијата „Њујорк – Скопје холдингс“, која ќе се простира на површина од 17.800 метри квадратни, а производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар.

На отворањето на фабриката, свое обраќање имаа опремиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, полскиот амбасадор во земјава Војчех Тичињски и Златко Кесковски, извршен директор на компанијата „Њујорк – Скопје холдингс (NYSK Holdings)

“Ваквите инвестции влеваат  сигурност отвараат кавлитетни работни места. Компанијата ,,НЈСК Холдинг”  извезува производи до сите континенти во светот.Потребно е да се насочиме кон производство на производи со висока додадена дејност и да фатиме чекор со светските трендовите. Секоја криза е можност за нов почеток, а наша задача е да создадеме услови за инвестиции, додека претпријатијата треба тоа да го искористат. Ние сме за тоа оваа гранка да се равива по европските и светски стандарди. Верувам дека и парламентот е подготвен за такви измени и ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели”, изјави премиерот Зоран Заев, во своето обраќање, додавајќи дека со измените на Законот за опојни дроги ќе се отвори вратата за 250 милиони евра врредно производство следната година.

“Измените во Законот за опојни дроги се во собраниска процедура и преку нив дополнително ќе ги стумулираме и инвеститорите и младите луѓе да останат тука и да најдат работа во овој сектор”, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Во новиот производствен погон, кој се протега на површина од 17.800 м² е имплементирана најнова технологија на градба, вградена е најсофистицирана опрема со примена на највисоките фармацевтски стандарди за одгледување на медицински канабис и негов третман до финален медицински производ како хербален продукт и негова преработка во висококвалитетен екстракт.

Процесот на производство е комплетно автоматизиран и контролиран од софтвер за контрола на темпаратура, влага, CO2, притисок и надпритисок и микробиолошка чистота на ниво на фармацевтски т.н. бели зони преку комплетно автоматизиран BMS систем.

Капацитетот располага со најсовремена лабораторија за хемиско и микробиолошко испитување на квалитетот и безбедноста на производите.

“Во време на криза направивме максимални напори да инвестираме во изградбата на овој капацитет и неговото опремување. Од основањето на компанијата нашите заложбите се насочени кон добивање на производ по највисоки европски и светски стандарди” изјави д-р Златко Кескоски, извршен директор на компанијата НЈСК Холдинг. Ова што денес го отвораме е најголем капацитет за одгледување на медицински канабис во Европа – истакна д-р Кескоски.

НЈСК Холдинг, е дел од Групацијата PHCANN International. Од основањето во 2016 година, стратешка цел на компанијата е присуство на светските пазари. Во март 2020 година НЈСК Холдинг го доби највисокиот фармацевтски стандард на Европската Унија, EU GMP, за производство на активна фармацевтска состојка (API) и финални фармацевтски производи на база на канабиноиди. Компанијата извезува производи на сите континенти и во земјите членки на Европаската Унија.

Неодамна и специјализираниот портал Marijuana Business Daily пишуваше дека полската PharmaCann доби сертификација за добра производна пракса во ЕУ (EU-GMP) за производство на екстракти од медицински канабис во нејзиниот објект во Северна Македонија.
“Тоа ја носи компанијата со седиште во Варшава – заедно со нејзините производствени капацитети во Северна Македонија – на чекор до можноста да ги понуди своите медицински екстракти од канабис во Германија и другите земји на Европската унија.
Откако ќе бидат достапни, македонските производи, исто како и колумбиските, се очекува да создадат притисок во цените поради пониските трошоци за производство.
Иако извозот на цвет од канабис не е дозволен во Северна Македонија, не е потребен нов закон за извоз на екстракти”, објави Marijuana Business Daily.

Златко Кесковски, извршен директор на PharmaCann и NYSK во изјава за Marijuana Business Daily вели дека овластениот објект е во затворени простории каде што компанијата одгледува и произведува екстракти.
„Кога ќе слушнам за цените на екстрактите од медицински канабис во Германија и другите европски земји, не ми се верува колку се скапи. Очекуваме нашите трошоци за производство да ни овозможат да бидеме многу конкурентни на пазарите во ЕУ “, рече Кесковски во интервју за MBD.
На прашањето на порталот MBD, кога очекува да започне продажбата во Германија, Кесковски рече дека првите македонски производи треба да им бидат достапни на пациентите следниот месец.

Извршниот директор Кесковски исто така објасни дека компанијата ќе продава на големо директно во аптеки користејќи сопствена дистрибуција во Германија.

Прочитајте повеќе на следниот линк.