Глобалните странски директни инвестиции (СДИ) се преполовија во првата половина од годината, а Европа за прв пат со црвеноGeneенева –
Странските директни инвестиции во светот се намалени за 49% во првата половина на 2020 година во споредба со истиот период минатата година, објави УНКТАД. Како последица на пандемијата и затворањето на економиите, мултинационалните компании ги забавуваат или одложуваат инвестициите за да заштедат готовина, се вели во Извештајот.
За прв пат во историјата, СДИ во европските економии беа во негатива, односно имаше поголем одлив за седум милијарди долари.
Приливот на странски инвестиции во САД падна за дури 61% на 51 милијарда долари, според УНКТАД.
Развиените економии забележаа најголем пад, при што СДИ достигнаа околу 98 милијарди долари во првата половина на 2020 година, пад од 75% во споредба со 2019 година.
СДИ кон економиите во развој се намалија за 16% помалку од очекуваното. Во првата половина на 2020 година, повеќе од половина од глобалните инвестиции биле насочени кон Азија.
Голем пад на странските инвестиции имало и во Русија, од дури 81%.
Проценките за годинава на Унктад остануваат исти, со предвиден пад од 30% до 40%.
Но, изгледите остануваат крајно неизвесни, во зависност од времетраењето на здравствената криза и од ефективноста на политичките интервенции за ублажување на економските ефекти на пандемијата.
Геополитичките ризици, исто така, продолжуваат да ја зголемуваат неизвесноста.