Македонската компанија за производство на месни преработки Пекабеско објави дека во првите девет месеци годинава работела со вкупни приходи од продажба од 54,6 милиони евра, кои се за 9% помали во споредба со истиот период минатата година.
Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 87% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во првото полугодие се намалени за 9% и изнесувале 47,5 милиони евра.
Приходите од извоз и продажба на странски пазари изнесувале 7 милиони евра и бележат пад од 8%.
Нето добивката, пак, на Пекабеско во истиот период годинава изнесува 1,22 милиони евра и е намалена за 29% во споредба со истиот период лани.
Од Пекабеско информираат дека во првите девет месеци годинава реализирале инвестиции во основни средства во износ од околу 1,65 милиони евра
Од Пекабеско информираат дека испoлнувањето на финанскиот план за 2020 е извршен со 62,0% во делот на приходите од продажба и 55 % во делот на добивката
“За наредниот период компанијата очекува приходите од продажба и добивката да бидат послаби во однос на првичните планираните резултати согласно ситуацијата со Ковид 19 во земјата и регионите каде ги извезуваме нашите производи”, информираат од Пекабеско.
Компанијата Пекабеско е меѓу 100-те најголеми извозници во земјата, која минатата 2019 година остварила извоз од над 10,8 милиони евра.