Компанијата за производство на месни преработки Пекабеско објави дека во првите тримесеци годинава остварила вкупниприходи од продажба од околу 1 милијарда денари или 17,3 милиони евра, покажуваат податоците од консолидираните финансиски извештаи на комапшнијата објавени денеска на Македонската берза.
Во споредба со истиот период лани приходите од продажба на Пекабеско се поголеми за 4%, додека приходите од продажба на странските пазари бележат раст од 27%.

Од компанијата велат дека во изминатиов период додека трае кризата со корона вирусот во ниту еден момент не престанале со сите процеси и активности и дека целокупното работење на компанијата е усогласено со препораките кои се носат од страна на надлежните институции.

“Планираните вложувања во нова опрема продолжуваат со несмалено темпо. Во изминатиот период немавме намалување ниту на бројот на вработени ниту на исплатените плати. Ликвидноста на компанијата е задоволителна. Нема репрограмирање на обврските како спрема финансиските институции ниту спрема добавувачите во земјата и странство, информираат од Пекабеско и потенцираат дека менаџментот ги след сите трендови и дека е подготвен да ги ореземе сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби.

Во периодот јануари- март годинава Пекабеско остварил приходи од продажба  на странски пазари во износ од 2,5 милиони евра, што е раст од 27% во однос на истиот период минатата година.

Сепак,  најголемиот дел од приходите Пекабеско ги прави од продажба на домашниот пазар кои имаат учестви ид 98,7% во вкупните приходи и тоа пооснов на од продажба на разни видови на месни преработки, како и од дистрибуција на цигарите од фабриката ТДР Ровињ, за кои е официјален дистрибутер во нашата земја.
Приходите од продажба на домашниот пазар на Пекабеско за првото тромесечие изнесуваат 14,8 милиони евра и тие се пониски за 4% во споредба со истиот период минатата година.

Нето добивката за првите три месеци изнесува 18,3 милиони денари или околу 297 илјади евра, што е намалување за 11% во споредба со претходната година.

Пекабеско информира дека во првото тромесечие годинава реализирал инвестиции во вредност од 244 илјади евра, додека вкупните инвестиции воизминативе осум години откога работи новиот производствен капацитет изнесуваат 8,4 милиони евра.

Менаџменот на Пекабеско очекува дека ако ситуацијата со Ковид 19 се нормализира до почетокот на третиот квартал годинава ќе можат да се остварат финансиските проекции за 2020 година, во спротивно се можни корекции на планираните резултати за годинава.