Македонската компанија за производство на месни преработки Пекабеско објави дека во текот на првата половина годинава работела со вкупни приходи од продажба од 35 милиони евра, кои се за 1% поголеми во споредба со првата половина од 2020 година.
Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 86% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во првото полугодие се поголеми за 1% и изнесувале 30,2 милиони евра.
Приходите од извоз и продажба на странски пазари на Пекабеско во првата половина годинава на истото ниво како и првата половина од 2020 година и изнесуваат 4,8 милиони евра.
Во првата половина година Пекабеско работел со нето добивка од околу 900 илјади евра (54,9 милиони денари), што е за 31% повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Од Пекабеско информираат дека и во време на пандемијата продолжиле со инвестиции и во првото полугодие годинава реализирале инвестиции во основни средства во износ од околу 11,2 милиони денари ( 182 илјади евра). Со новите инвестиции Пекабеско за последните 8,5 години, од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон, реализирал вкупни инвестиции во основни средства од 592 милиони денари (9,6 милиони евра).
Долгорочната задолженост на компанијата заклучно со 30.06.2021 година е намалена за 20%, додека краткорочната задолженост бележи намалување од 43%
За наредниот период компанијата очекува приходите од продажба и добивката да бидат во согласност со првичните планираните резултати, ако ситуацијата со Ковид 19 во земјата и регионите каде ги извезуваат производите, е под контрола
Компанијата Пекабеско е меѓу 100-те најголеми извозници во земјата, која во 2020 година остварила извоз од околу 10 милиони евра.