Македонската компанија за производство на месни преработки Пекабеско објави дека во текот на минатата 2020 година работела со вкупни приходи од продажба од 74,2 милиони евра, кои се за 8,4% помали во споредба со 2019 година.
Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 87% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во првото полугодие се намалени за 8% и изнесувале 64,5 милиони евра.
Приходите од извоз и продажба на странски пазари на Пекабеско минатата година се намалени за 9,7% и изнесувале 9,6 милиони евра.
Оперативните расходи на Пекабеско минатата година се намалени за 8,4% и изнесувале 73,5 милиони евра.
Минатата 2020 година Пекабеско работел со нето добивка од 1,7 милиони евра, што е за 2% помалку во споредба со претходната 2019 година, што од компанијата го објаснуваат со намалените продажби за извоз заради пандемијата со Ковид 19.
Од Пекабеско информираат дека минатата година реализирале инвестиции во основни средства во износ од околу 2,6 милиони евра, што е рекордно најголем износ во последните 8 години. Од Пекабеско информираат дека покрај континуираното вложување во производствена опрема и транспортни средства, минатата година за првпат е активирана и нова линија за гас.
Од Пекабеско информираат дека испoлнувањето на финанскиот план за 2020 е извршен со 84% во делот на приходите од продажба и 79 % во делот на добивката
Компанијата Пекабеско е меѓу 100-те најголеми извозници во земјата, која 2019 година остварила извоз од над 10,8 милиони евра.