Глобалната побарувачка на челик ќе се зголеми за 5,8% оваа година, како што економиите се опоравуваат од пандемијата Ковид 19, но растот ќе се намали следната 2022 година, бидејќи влијанието на стимулациите ќе се намалува, соопшти Светската асоцијација за челик во четвртокот.
Индустриската групација ја зголеми прогнозата за 2021 година од октомвриската проценка за раст од 4,1% на 5,8%, заради брзото економско закрепнување минатата година кај најголемиот потрошувач на челик во светот, Кина, но и во остатокот од светските економии.
„Гледаме доста силно закрепнување во поголемиот дел од остатокот на светот“, вели Едвин Басон, генерален директор на Светската асоцијација за челик.
Автомобилскиот сектор заздравува од кризата, додека градежниот сектор беше издржлив во текот на целата пандемија, дополнително поттикнат од зголемените трошења за реновирања за време на пандемијата, рече Басон.
„Луѓето беа дома, во многу случаи имаа вишок готовина и започнаа да градат нови камини, гаражи и секакви работи, и сето тоа се претвори во поголема побарувачка на челик“.
Групата производители што сочинуваат околу 85% од глобалното производство на челик рече дека зголемената прогноза за оваа година се заснова на ставот дека вториот и третиот бран на вирусни инфекции ќе се стабилизираат во вториот квартал годинава.
Следната 2022 година, сепак, растот ќе биде умерен, со побарувачка за суров челик што се очекува да порасне за 2,7% на 1,925 милијарди тони.
Минатата година кинеската побарувачка минатата година се зголеми за 9,1% додека падна за 10% во остатокот од светот, што доведе до практично рамна глобална потрошувачка.
Меѓутоа, до 2022 година, фокусот на кинеските власти кон поодржлив раст треба да го намали растот на побарувачката на челик на 1% наспроти 4,2% во развиените економии, рече групата.
Како два главни предизвици за глобалниот челичен сектор ќе бидат ограничување на емисиите на јаглерод и регионализацијата и трговските бариери, додаде Басон.
Извор: Reuters