Invest North Macedonia во септември 2021 година ќе земе учество со национален штанд на саемот Pure London/ Pure Origin, каде 6 домашни компании – производители на облека, ќе имаат можност да бидат дел од националното претставување. Учеството на саемот ќе биде организирано со логистичка поддршка (подготовка за настап) за сите учесници овозможена од Швајцарската програма за поддршка на извозот (SIPPO).
Pure Origin оваа година ќе се одржи во Сачи галеријата (Saatchi Gallery), во Лондон во период од 09-10 септември 2021.
Pure Origin е наменет за промоција на производителите на облека во делот на машка, женска и детска конфекција, спортска облека и долна облека. Клучни брендови и трговци кои го посетуваат саемот се: Asos, White Stuff, Victoria Beckham, River Island, JD Sports, Marks & Spencer and Selfridges.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ги повикува сите компании кои имаат интерес за изложување на саемот Pure Origin да аплицирате за учество на националниот штанд кое предвидува исполнување на следните критериуми:
- Платени даноци
- Позитивен биланс во 2019 и 2018 година;
- Да нема поведено постапка за стечај и ликвидација;
- Активно познавање на англиски јазик на учесниците на саемот;
- Извоз на минимум еден странски пазар во последните две години;
- Компанијата да има сопствена веб страница која редовно се ажурира со податоци.
За горенаведените услови за учество на саемот, потребно е да доставите и соодветни докази за исполнување на истите (изјава од овластено лице или потврда од надлежен орган).
Компаниите кои се заинтересирани да учествуваат на саемот, треба да го пријават своето учество со достава на бараните документи, како и со пополнување на апликација, дадена во прилог на овој јавен повик.
Заинтересираните компании своето учество треба да го пријават најдоцна до 26.03.2021 година преку Архивата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, на ул. „Никола Вапцаров“ бр.7, Скопје, на прв кат, или на следната е-маил адреса: export@invest.gov.mk.