Компанијата Кодак (Kodak), чии почетоци се совпаѓаат со врвот на втората индустриска револуција, е основана уште во 1888 година. Оттогаш, тие брзо го проширија својот бизнис и во екот на нивната моќ во 1970-тите станаа една од најголемите и светски реномирани компании, која овозможи фотографијата да стане достапна до широките маси.
Лошото управување на компанијата проследено со многу грешки ја турнаа компанијата во процес на заштита на доверителот во 2012 година, што во САД е еден чекор пред банкрот. До неодамна, името на оваа компанија најчесто се појавуваше во деловните училишта, каде што учениците се изучуваат за грешките на менаџерскиот тим кој не беше во можност да ги предвиди промените на пазарот и идните трендови.
Кодак беше погребан, меѓу другото, од лошиот тим за управување кој не предвиде раст на пазарот на дигитални фотоапарати, пишува „Forbes“.
До неодамна, се чинеше дека Кодак е изгубен. Kомпанијата заработуваше повеќе од две третини од своите приходи од продажба на производи за печатење. Потоа започна здравствената и економска криза во САД предизвикана од корона вирусот.
Компанијата предводена од сегашниот директор Џим Континенца се чини прифати да ја искористи оваа криза за да врати Кодак на патот на старата слава.
CNN објави дека компанијата Kodak ќе добие заем од 765 милиони долари од администрацијата на Доналд Трамп за започнување на нов оддел наречена Kodak Pharmaceuticals, за производство на фармацевтски суровини потребни за правење лекови. Целта е Kodak да произедува дури 25% од активните состојки за генерички лекови во САД. Договорот помага во исполнување на клучниот приоритет на администрацијата на Трамп за намалување на зависноста од странско производство на лекови и други круцијални производи.
Доколку се оди според планот, овој потег ќе и донесе на компанијата голем приход во следниот период, што се одрази и врз цената на акцијата која за само пет дена по веста се зголеми за 530%.