Полошо е отколку што се очекуваше: ММФ предвидува пад на светската економија од 4,9% во 2020

ММФ предвидува подлабока глобална рецесија како резултат на пандемија на коронавирус

Пандемијата на коронавирус предизвикува многу пошироко и подлабоко оштетување на економската активност отколку што се првично се мислеше, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што ја принуди институцијата да ги намали своите глобални прогнози за 2020 година.

ММФ соопшти дека сега очекува глобалната економска активност да се намали за 4,9%, во споредба со падот од 3,0% предвиден во април.

Закрепнувањето во 2021 година исто така ќе биде послабо, со прогноза на глобалниот расто од 5,4%, наместо растот од 5,8% предвиден со априлската проекција.

Но, од ММФ посочуваат дека нов поголем бран на вирусот во 2021 година може да го намали растот на само 0,5%.

Иако многу економии започнаа повторно да се отвораат, ММФ посочува дека мерките за ограничување на ширењето на корона вирусот ги погодиле силно инвестиции и потрошувачка.

Напредните економии се особено сериозно погодени, со прогноза дека економијата на САД ќе се намали за 8%, додека економијата на еврозоната за 10,2% во 2020 година. И двете пшрогнози се за за повеќе од 2 процентни поени пониски од априлската прогноза, соопшти ММФ.
Економиите во Латинска Америка, каде инфекциите сè уште бележат растат, исто така ќе имаат поголем пад, при што економијата на Бразил сега се очекува во 2020 година да се намали за 9,1%, на Мексико за 10,5% и 9,9% на Аргентина.

Во Кина, каде бизнисите започнаа повторно да се отвораат во април и новите инфекции се минимални, е единствената голема економија за која сега се очекува да покаже позитивен раст во 2020 година. Новата прогноза на ММФ е дека кинеската економија ќе има раст од 1,0% во однос на 1,2% во априлската прогноза.
ММФ рече дека ќе бидат потребни повеќе активности на политиките од владите и централните банки за поддршка на работните места и деловните субјекти за да се ограничат натамошните штети и да се постави фаза за закрепнување.

Извор: Ројтерс