Полска е лидер меѓу земјите на ЕУ и светски петти по големина производител на малини, објави државната земјоделска агенција на Полска.
Значителен дел од производството на малини во Полска е наменет за извоз. Во периодот од 2012-2020, помеѓу 41 и 73 % од свежите малини произведени во Полска се извезени на странските пазари.
Според Националниот центар за поддршка на земјоделството (KOWR), најголемиот дел од полската малина се извезува во Германија.
Најголеми глобални производители на малини се: Русија, Мексико, Србија и САД. Уделот на Полска во светското производство на малина изнесуваше 9% во 2019 година.
Во рамките на Европската унија, Полска е лидер со 51% во производството во 2020 година.
Други значајни производители се Шпанија и Португалија.
Малините се третиот вид овошје од бобинки одгледувани во Полска според обемот на производство, по јагодите и црна рибизла, со 23 % удел во бербата на бобинки во 2020 година.
Во однос на површината на производството, насадите со малини зафаќаат од 27.000 до 30.000 хектари помеѓу 2012 и 2020 година. Во 2020 година биле собрани 116.000 тони малини.