Полската влада го избра Јаворжно, во јужниот индустриски регион Шлезија, како место за првата фабрика за електрични возила во земјата. Изградбата на фабриката ќе започне следната 2021 година, а до есента 2024 година треба да излезат на пазарот првите возила произведени од ElectroMobility Полска, компанија во државна сопственост, соопшти фирмата во соопштението за јавноста, објавува полскиот портал FirstNews.
Фабриката во Јаворжно ќе биде лоцирана во Специјалната економска зона Катовице каде што автомобилскиот сектор учествува со 60% во инвестициите.
Заради стратешкото значење проектот ќе добие поддршка од владата на Полска.
„Држава што размислува напред е во состојба да го согледа „моментумот“ на пазарот и да дефинира стратешки области што ќе овозможат економски развој на земјата“, рече министерот за животна средна Михал Куртика.
Извршниот директор на компанијата ElectroMobility, Пјотр Заремба, изјави дека производството на полскиот модел на електричен автомобил под брендот Izera ќе биде лансиран во 2024 година, а благодарение на инвестицијата ќе се отворат нови 15.000 нови работни места.
Компанијата ElectroMobility Полска е основана од четири полски енергетски компании – Enea, Energa, PGE и Tauron, во кои полската влада има доминантни или значителни влогови.