Полјаците лидери на пазарот за транспорт во ЕУ

Според податоците на Евростат, Полјаците во 2018 година извршиле над 1/5 од целиот меѓународен превоз во рамките на Европската унија. Полјаците се убедливи лидери вотранспортот во ЕУ, па така и следните две најдобро рангирани земји – Холандија и Германија, заедно имаат помал удел од полските превозници.

Според Евростат, обемот на транспортот кон ЕУ во 2018 година изнесувал 1,175 милијарди тони, што е малку помалку отколку во 2017 година, кога биле транспортирани 1,197 милијарди тони.

Полјаците имаат далеку најголем удел во овој резултат – со учество од 22,6% или 266,7 милиони тони. Резултатот на полските превозници во 2018 година е малку полош отколку во 2017 година, кога учеството на полските превозници било 24% (284,9 милиони тони).
Второ најголемо учество има Холандија со превезени 132,5 милиони тони, што е половина од превозот кој го направила Полска. Германија е на третото место со превезени 122,6 милиони тони.

Полските транспортни компании се на првото место по број на транспортирани тони во меѓународниот сообраќај уште од 2012 година.