Иако инженерите го ослободија заглавениот брод во Суецкиот канал, последиците од шестдневната блокада се очекува да траат со месеци, предизвикувајќи доцнења и екстра трошоци за транспортот на стоки.
Заглавениот брод во каналот Суез блокираше стотици бродови од водниот пат, критична лента во азиско-европскиот брод што претставува околу 13% од глобалната поморска трговија, а некои е бродови се одлучија на подолга транспортна рута околу Африка.
Тоа создаде огромен метеж и доцнења во меѓународните синџири за снабдување, посебно заради тоа што поморскиот транспорт на релација Европа –Азија и пред овој инцидент беше под голем притисок заради недостигот на контејнери и поголемата побарувачка.
Меѓународната федерација на здруженија на шпедитери предупреди нарушувањето во синџирот на снабдување се очекува „драматично да се влоши“ во текот на следните недели. Ова би резултирало во „големи одложувања во пратките, зголемени трошоци и недостиг на производи“.
Ocean Insights, германска компанија за податоци за транспорт соопшти дека просечните доцнења во испораката за контејнерските бродови од Шангај до Ротердам се искачиле на 5,2 дена во февруари годинава од 2,1 дена во истит месец лани. Просечните доцнења, пак, од Шангај до Антверпен скокнаа до 9,2 дена од два во истиот период.
Откако бродовите со задоцнување ќе пристигнат во Европа, потребни се најмалку 48 часа за да се растовари секој брод, а заради доцнењето повеќе бродови пристигнуваат истовремено со што се создава застој во истоварањето.
На бродските линии ќе им треба неколку недели работа да ги вратат бродовите според распоредот и да ги репозиционираат контејнерите што се користат за испорака.
Тоа понатаму создава проблеми со копнениот транспорт на стоките од пристаништата до крајните дестинации, заради што некои логистички компании блокираат камиони за транспорт неколку недели однапред.
Тоа секако предизвикува дополнителни трошоци во транспортот што на крајотќе се одрази врз низа поскапувања.
Блокадата на Суецкиот канал наметна многу прашања и дилеми на кои логистичката индустрија, компаниите и експртите за управување со синџири на снабдување мора им посветат внимание со цел да се избегнат вакви нарушувања во иднина.
Но, веројатно една од првите работи кои треба да се направат е надградба на опремата на Суецкиот канал и наоѓање начин како да се обезбеди алтернативен премин кога некој брод ќе биде заглавен.