Во текот на вчерашниот ден на Самитот на земјите од Западен Балкан кој се одржа во Тирана, премиерите на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев и на Албанија г-дин Еди Рама, го означија официјалното започнување на заеднички гранични и царински контроли на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.

Со воспоставувањето на новиот начин на работа преку заедничката гранична контрола, пан Европскиот коридор 8 (исток-запад), кој иначе е четврти најфреквентен граничен премин ќе биде поатрактивен и поефикасен за извоз, увоз и транзит на стоки.
Во исто време, поблиската соработка меѓу службите резултира со поуспешни стапки на откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа се зголемува безбедноста. К
рајната цел на заедничките контроли е да се имаат отворени, но контролирани и безбедни граници, преку зајакната координација и соработка помеѓу сите надлежни гранични органи на национално и меѓународно ниво.