Индискиот потрошувачки пазар ќе се зголеми тројно до 2030 година, се вели во најновиот извештајот на Boston Consulting Group (BSG).
Зголемувањето на потрошувачката ќе биде водена од урбанизацијата, повисоките расположливи приходи и поголемите семејства.
Во Извештајот на BSG се вели дека потрошувачкиот пазар во Индија се врати на патеката за раст по една година, откако беше нарушен од пандемијата.
Додека проекцијата за раст на пазарот на потрошувачка беше направена пред да се појави Ковид-19, BSG вели дека економијата е целосно отворена и има зголемена побарувачка во повеќе категориите.
Во Извештајот на BSG исто така се потенцира дека трговците на мало ќе треба да развијат нови стратегии за да ги надминат предизвиците што можат да се појават во пост-ковид светот.
Недамна и Светскиот економски форум прогнозираше дека до 2030 година Индија ќе стане трет најголем потрошувачки пазар во светот, зад Кина и САД.