Индија, третата по големина економија во Азија, ги исклучи кинеските инвеститори од нејзината територија.
Индија одлучи да го следи потегот на Австралија, која неодамна исто така ги „затвори своите граници“ за кинески инвестиции.
Откако Централната банка на Кина, ја искористи слабоста на индиската валута рупија и ниските цени на безата за масовно да почне да ги купи акциите на индиската HDFC банка, индиските власти донесоа одлука со која сите купувања и аквизиции од страна на Кина се подложни на директно одобрување од владата, објавува „Франкфуртер алгемајне кајтунг“,
Претходно, лидерот на опозицијата во Индија, Раул Ганди, повика да се стопираат сите операции со кои странците би можеле да ги купуваат заради кризата ефтините индиски акции.
„Масовното забавување на растот на индиската економија ги ослабна многу индиски компании и ги направи лесен плен за атрактивни преземања. Владата не смее да дозволи странците да ја преземат контролата врз индиските фирми за време на националната криза“, рече Ганди.
Тој го стори тоа во време кога кинеските компании, како што се “Bytedance”, производител на автомобили во експанзија на “Great Wall Motor Co Ltd” или SAIC со својата компанија ќерка MG се обидоа масовно да купуваат акции на индиските берзи.
Индија сака по секоја цена да го спречи ефтини „непријателски преземања“ на индиските стратешки концерни.
Во одлуката на индиската влада се вели: „Ако некоја од државите што ја делат границата со Индија или некој од идните инвеститори од тие земји сака да инвестира во Индија, тоа може да го стори исклучиво преку владата на Индија“.
Кина моментало има инвестирано во Индија околу 6,2 милијарди долари директни инвестиции, но не се знае точно колкава е сумата која што Кина ја има инвестирано во индиските фирми преку фондовите за инвестирање.