Thessaloniki Port Authority (TPA) потпиша договор за соработка со кинеските China Merchants Port Holdings и нивната подружница China Merchants Holdings (International) Information Technology, со кој се предвидува да се инсталира оперативиот систем на контејнерскиот терминал на Солунското пристаниште.

Ова ќе биде прво европско пристаниште во кое се инсталира нивниот систем CM Chip и ќе биде еден вид на промоција на системот и поврзаните паметни ИТ платформи и логистички услуги на европскиот пазар.

Пристанишната управа на Солун (TPA) и China Merchants Port Holdings (CMPort) се обврзаа да направат се што е потребно, комерцијално и оперативно, со цел да го промовираат пристаништето во Солун на кинескиот пазар како порта за Европа.
Пристаништето во Солун е второто по големина пристаниште во Грција, по Пиреја, во кое кинеската државна компанија Cosco има мнозински удел.

Иако пристаништето во Солун е втор по големина, тоа е веќе важна порта кон поширокиот балкански регион веќе. Има директна железнича врска до Скопје, а потоа и до мрежата што ги поврзува поширокиот регион, вклучувајќи ги Бугарија, Србија и Романија, Унгарија…

„Пристаништето во Солун има долга историја, извонредна локација и предности на испорака. Тоа не е само главната порта за увоз и извоз во северна Грција, туку е и важен канал и логистички центар што ги поврзува Европа и Азија. Веруваме дека оваа успешна соработка ќе биде поширока и ќе биде препознаена како уште една успешна практика на иницијативата „Еден појас, еден пат”, изјави управниот директор на CMPort, Баи Џингтао.

Проширување на контејнерскиот терминал

Соработката ќе резултира во проширување на контејнерскиот терминал со што ќе им се овозможи да нудат услуги и на ултра големите бродови со капацитет од 24.000 TEU, како и итрансформација на терминалот според меѓународните стандарди.

„Потпишувањето на договор за соработка со ЦМПорт означува голем исчекор за пристанишната управа на Солун затоа што оваа соработка во целост ни помага да го оствариме ветувањето за развој на иновативни стратегии и одржливи операции, со повеќекратни придобивки за грчката економија и понудата на пристаништето“, изјави Танос Лиагос, Извршен претседател на Thessaloniki Port Authority.

Пристаниште во Солун е од големо значење за македонското стопанство, заради блискоста и пристапноста, поради што е најчесто користено. Имено дури 27% од вкупниот превоз од и до Солунското пристаниште се наменети за стоки за и од Македонија.