Превозниците денеска точно во 12.00 часот ќе протестираат пред Владата со барање за укинување на дополнителната акциза на горивата од три денари и наместо тоа – воведување прогресивен данок за сите стопански и нестопански дејности.
Протестот е во организација на Аоцијаците на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва Макам Транс
Наместо да се зголемува акцизата на горивото, транспортерите предлагаат да се воведе дополнителен данок од 0,5% за фирмите кои минатата година оствариле добивка до 10 милиони денари, 1% за добивка од 10 – 20 милиони денари и 2% за остварена добивка над 20 милиони денари, со што тие ќе се солидаризираат со најпогодените во кризата.
„Како опшествено одговорни трговски друштва и граѓани на оваа држава, во поднесениот допис покрај голем број на мерки кои ги бараме, акцент се стави на Барање за укинување на акцизата и замена со т.н прогресивен данок за корона вирус, кој ќе ги опфати сите правни субјекти од стопанските и нестопанските организации (по примерот од 2001 година кога се воведе воен данок), затоа што јасно е дека буџетот на државата е празен. Со оваа мерка ќе се опфатат подеднакво сите прави субјекти во државата, а особено и големите стопански субјекти, банките, осигурителните компании, телекомуникациите и сите мали, средни и микро фирми како и невладиниот сектор каде се вбројуваат и сите асоцијации, Стопански комори и други Здруженија на граѓани, со што навистина ќе имаме солидарност и секој ќе го даде својот допринос според големината и постигнатите финансиски резултати во претходната година.За разлика од оваа мерка, со зголемената акциза теретот во првите 2-3 месеци ќе биде само на превозниците, дистрибутери во внатрешниот превоз, граѓани и мал број на други правни субјекти кои работат, а до крајот на годината сите, но сепак олигарсите воопшто нема да почуствуваат ниту ќе бидат засегнати, затоа што не се големи потрошувачи на погонско гориво кое се користи за вршење на дејноста, екстра лесното гориво остана со иста цена“, се вели во повикот за протестот од страна на макам Транс.
Анкетата што ја направила асоцијацијата за состојбата во одделот превоз на стока заклучно со 20 месецов покажала дека 61% од трговските друштва имаат пад на приходите за 50%. За 50% го намалиле користењето на возниот парк 38% од фирмите, а 17% рекле дека не работат воопшто. Некоја од економските мерки на Владата, стои во анкетата, искористиле 19,8% од фирмите.
Со цел полесно надминување на последиците од пандемијата на Ковид 19 Владата одлучи да зголеми акцизата за 3 денари. Според пресметките Владата планира до септември треба да се ублажат загубите на приходи од намалените цени на нафтата во буџетот од околу 18 милиони евра, а до декември овој износ би изнесувал 31 милион евра.
Од Владата тврдат дека акцизата постепено ќе се намалува како што ќе се олабавува заканата од Коронавирусот.