Една од водечките мрежи за дистрибуција на свежо овошје и зеленчук во Европа, Greenyard ја организираше конференцијата „Увоз од Југоисточна Европа“ “Sourcing from South-East Europe” за да идентификува потенцијални добавувачи на цреши, сливи и трпезно грозје.

Програмата за зголемување на пазарна вработливост ИМЕ (The Increasing Market Employability Programme) го фасилитираше учеството на неколку извозно-ориентирани македонски компании кои имаат потенцијал за извоз кон европски ланци супермакети.

Партнерската компанија на ИМЕ –Vittoria Fruit
беше претставена како успешен пример на компанија која за само неколку години успеа да ги воведе сите стандарди на квалитет, безбедност и пакување и стана сигурен партнер наGreenyard
за добавување на трпезно грозје. Компаниите Рудине и БАЏО ги претставија своите капацитети за производство и извоз на сливи, во согласност со барањата на пазарот.
Ова беше одлична можност за нашите компании да дознаат за условите кои треба да ги исполнат, да дискутираат за потребни количини и стандарди со цел да се подготват за договорно производство со купувачот.
Преку дистрибутивната мрежа на Greenyard македонските сливи и трпезно грозје можат да стигнат до најголемите ланци супермаркети низ Европа.