Повеќе од 100.000 автомобили не можеа да бидат изградени во Volkswagen поради недостаток на полупроводници. Директорот за набавки во Volkswagen, Мурат Аксел во интервју за германски Handelsblat ја гледа најниската точка.

Во моментов Volkswagen ја доживува најниската точка во кризата со снабдување со чипови. „Пред нас се најтешките шест недели“, изјавува Аксел. Според него, ситуацијата повторно ќе се подобри во третиот квартал.

Како и да е, околу 10%  од чиповите недостасуваат долгорочно, бидејќи во светот не се произведува доволно. „Потребни се две години пред да се изградат нови производствени капацитети“, рече Аксел. Ситуацијата останува напната.

Поради тешката ситуација во снабдувањето, Volkswagen планира да го прошири складирањето чипови. „Безбедноста на снабдувањето е една од нашите најважни задачи”.

Производителите на автомобили и производителите на електроника низ целиот свет се сериозно погодени од доцнењата во производството на чипови, предизвикани од глобалниот недостиг.

Cпopeд истражувањето на ĸoнcyлтaнтcĸaтa ĸoмпaнија Воѕtоn Соnѕultіng Grоuр (ВСG), зapaди ĸpизaтa cо пoлyпpoвoдницитe во cвeтски рамки aвтoмoбилските кoнцepни ќe пpoизвeдaт 4 дo 6 милиoнa aвтoмoбили пoмaлĸу oд плaниpaнoтo. И покрај тоа што пpoизвoдcтвeнитe мoжнocти зa чипoви cе зголемени во ткот на пocлeднитe 20 гoдини за нaд 180%, во мoмeнтот тиe paбoтат со 90% oд cвoјот ĸaпaцитeт и нe мoжат дa стигнат со достава на нарачките.

Според МсКіnѕеу, пак, проблмите на автомобилските компании ќе продолжат и следната година. Причината е помасовното воведување на 5G технологија, во која се користат одредени чипови како и полупроводниците за авто индустријата.

Колку за споредба, обемот на чипови кои ги користаи индустријата за мобилни телефони и паметни уреди и четири пати поголем од обемот кој го користи автомобилската индустрија.

Заради тоа, препораката на МсКіnѕеу е автомобилските компании да размислат да инвестираат заедно во сопствено производство на чипови.

>> ПОВРЗАНИ ВЕСТИ <<