Прилепски Микросам ќе го снабдува со напредна технологија британскиот GKN Fokker

Британската компанија GKN Fokker го избра Микросам за набавка на напредна опрема за развој на делови од авиони направени од термопластични композити. Дел од договорот е најновата машина за автоматско полагање на влакна AFP (Automated Fiber Placement). Кога ќе биде инсталирана, оваа најнова машина на Микросам ќе придонесе за зголемување на производствените и истражувачки капацитети на GKN Fokker за производство на комплекски 3Д делови за авионската индустрија.

Микросам понудил една од најконкурентни о докажани AFP решенија за термопластични композити со многу унапредени опции за максимална продуктивност. Дизајнирана како интегрирана, модуларна AFP ќелија, која може да се надградува, роботскaта AFP машина со 8 оски е способна за автоматизирано и прецизно полагање на термопластични влакна.

Употребата на термопластични композити станува еден од најважните приоритети во авиоиндустријата за зголемување на стапките на продуктивност, а во овој дел прилепски Микросам се вбројува во неколкуте најважни играчи на светско ниво.

Денес пазарот бара подобра автоматизација на производството на термопластика и поголемо користење на AFP машини. Нашите модуларни AFP системи на корисниците им овозможуваат поголем поврат на инвестициите со можност за користење на повеќе AFP или ATL глави на истата конфигурација. Корисниците може да го намалат времето потребно за изработка на делови и да ја зголемат употребата на AFP ќелијата. Кога тоа ќе се комбинира со нашата софистицирана контрола на консолидацијата на термопластичните композити на самото место, нашите AFP машини се одлични решенија за многу индустрии“, вели Димитар Богданоски, менаџер на продажба во Микросам .

Оваа зделка со Микросам ќе му овозможи на GKN Fokker да продолжи со напредната употреба на термопластични композити во авијацијата, но исто така претставува и  силен глас за доверба во способностите на Микросам да обезбеди напредна технологија за производство на термоластични компоненти.

“Многу сме задоволни со професионалноста и иновативниот напредок на Микросам, како и од квалитетот на машините”, вели Арнт Офринга, технолошки менаџер за термопластични композити во GKN Aerospase.

Микросам, кој е меѓу 100-те најголеми извозници од Македонија, годинава слави 30 години од основањето. Во компанијата има 160 вработени, а приходите во 2018 година изнесуваат 8,9 милиони евра.

(www.insidecomposites.com)