Продажбата на автомобили во Германија падна на нивотo од 1989 година

После големиот пад на продажбата на автомобили кој во јули изнесуваше 40% во однос на истиот месец во 2019 година, Германија е на добар пат да се врати на нивото на продажба од пред триесет години.
Според германското здружение на увозници и продавачи (VDIK), на најголемиот европски пазар на автомобили во јуни се регистрирани 220.000 ново возила.

Врз основа на податоците за продажба во првата половина од годинава, VDIK проценува дека Германија ja очекува пад од 20% на продажбата на нови автомобили до крајот на 2020 година, односно вкупната продажба се очекува да достигне 2,8 милиони возила оваа година.

Што е уште полошо, оваа проценка се смета за оптимистичка. Имено, во првите шест месеци падот беше 35%, така што продажбата во втората половина на 2020 година треба да биде значително подобра, за да се компензира екстремно слабиот резултат во периодот од јануари до јуни.

Од друга страна, има зголемена побарувачка за електрични возила.
Во првата половина на 2020 година беа продадени околу 90.000 од овие возила, па се очекува годинава да заврши со раст од 90% во однос на 2019 година, кога станува збор за сегментот на електрични автомобили и хибридни модели.