Продажбата на патнички автомобили во Кина се зголеми за повеќе од четири пати во споредба со во февруари минатата година. Големиот раст се должи пред се на ниските споредбени основи од ланскиот февруари кога земјата беше во екот на епидемијата, а потрошувачите беа заклучени во своите домови.

Податоците на Кинеското здружение на патнички автомобили покажуваат дека во февруари годинава во Кина биле продадени 1,8 милиони автомобили.
Продажбата во февруари 2020 година падна за 79%, бидејќи многу кинески градови во Кина во тој период беа во карантин, а фабриките и дилерите беа затворени.

Во февруари во Кина била продадени 97.000 електрични автомобили. Тоа е повеќе од седумкратно зголемување од една година порано, но претставува пад од 38% на месечно ниво.

Tesla Inc. минатиот месец продал 18.318 модели 3 и модел Y произведени во Шангај.

Од минатата година, Кина започна да нуди разни субвенции и стимулации за да помогне во зајакнување на продажбата на автомобили и ублажување на последиците од пандемијата Ковид-19.
Во последниве месеци, кинеските власти најавија повеќе мерки, вклучително и натамошно олабавување на ограничувањата за купување возила и градење повеќе капацитети за полнење на електрични автомобили.