Германското производство на автомобили изминатата 2019 година падна на најниското ниво од 1996 година, како последица на намалената глобална побарувачка.
Бројките објавени од Германската асоцијација за автомобилска индустрија (VDA) покажуваат дека, минатата година германските производители на автомобили како Volkswagen AG, BMW AG и Daimler AG произвеле 4,66 милиони возила во нивните германски погони, што е најмал број од 1996 година. Бројот на произведени автомобили во 2019 година е за 9% пониска во споредба со 2018 година и е резултат на намалувањето на меѓународната побарувачка.
Глобалниот моќен статус на Германија во производниот сектор во голема мерка е изграден на автомобилската индустрија, но во последно време, загриженоста за загадувањето, засилена со скандалот побрзан со емисиите на гасови кој избувна во 2015 година во Volkswagen, трговската војна и економското забавување влијаат на побарувачката за германските автомобили.
Daimler, Volkswagen и производителот на делови за автомобили Continental AG веќе започнаа со отпуштање на вработени со цел намалување на трошоците.
Во исто време, германската автомобилска индустрија треба да потроши милијарди евра за развој на еколошки возила и да се спротивстави на проширувањето на споделувачките услуги за превоз, како што е Uber Inc., компанија која во моментов има пазарна вредност споредлива со онаа на Daimler.
Од друга страна, бројките објавени од Германската асоцијација за автомобилска индустрија покажуваат дека домашниот германски пазар на автомобили се зголемил за 5% минатата година, откако купувачите регистрирале 3,6 милиони нови автомобили, што е најголем број од 2009 година.
Во истовреме, податоците покажуваат дека Германија ја надмина Норвешка и стана најголем европски пазар за електрични автомобили со продадени 63.281 електрични автомобили изминатата 2019 година.