Македонското индустриско производство во февруари годинава бележи раст од 1% во споредба со февруари 2022 година покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Со тоа е сопрен петмесечниот континуиран пад во индустриското производство.
Но, податоците покажуваат дека производството продолжува да паѓа во преработувачката индустрија, каде се создава дури 82% од целото индустриско производство.
Подетална анализа на податоци податоците покажуваат дека растот на индустриското производство се должи во најголем
Во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, има опаѓање од 1.3 % дел на зголеменото производство во секоторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во февруари имало раст на производствот од 45,4 % во споредба со ланскиот февруари. Во преработувачката индустрија има пад на производството веќе шести месец по ред, а во февруари тој изнесуваше 2,6%.
Поскапувањето на струјата и гасот, но и на останатите суровини драстично го поскапија производството во преработувачката индустрија во изминатиот период, па многу компании одлучија свесно да го намалат или стопираат производството за да не работат загуби.
Во јануари производството во преработувачката индустрија забележа намалување од 5%.
Податоците покажуваат дека состојбата со производство на метали и преработки од метали и понатаму останува многу лоша. Најновите податоци покажуваат дека производството на метали, кое учествува со скоро 6% во вкупното индустриско производство, во февруари годинава има пад од 50% во споредба со февруари минатата година.
Големо намалување на производството од 40% има и кај фабрикуваните метални производи, кои имаат 3,77% учество во индустриското производство. Голем е падот на производството и на хемиски производи од дури 36,1%, каде влегува производството на најголемиот извозник од земјава Џонсон Мети.
Производството на електрична опрема, уште еден важен сектор со учество од 6,22% во вкупното индустриско производство, бележи пад од 17,9%.
Од друга страна најголем раст на производството има кај производството на кожа и кожни производи од 80%, во тутунската индустрија 62,8% и кај производството на пијалоци од 38,6%. Производството на фармацевтски производи во февруари бележи зголемување од 11,9%.