Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да работи на стабилизирање на глобалниот пазар на енергија, што предизвика ненадеен пресврти поевтинување на цените на природниот гас, кој изминатиот период се искачи на највисоко ниво досега.
Овој потег на Путин доаѓа во момент на растечка енергетска криза во Европа предизвикана од недостиг на природен гас, кој е клучен извор на енергија за производство на електрична енергија и греење на домовите. Со наближување на грејната зимска сезона и незапирливото поскапување на енергенсите во Европа, Путин успеа да ги покаже геополитичките мускули и да ја зајакне позицијата на Русија како суперсила во областа на енергетиката.
“Москва е сигурен снабдувач кој секогаш ги исполнува сите обврски. Можеме да постигнеме уште еден рекорд за испорака на нашите енергетски ресурси во Европа, вклучително и гас оваа година”, изјави Путин.
Високите цени во Европа се прелеаа и во САД, при што трговијата со природен гас беше највисока во последната деценија.
Bчepa цeнaтa се доближуваше до 2000 дoлapи зa 1000 ĸyбни мeтpa. Toa e нaд 10 пати пoвeќe oд просечната цена за минатата годиуна. На крајот на денот цената се намали на 1250 долари за барел, кратко по изјавите на Путин.
„Да размислиме за потенцијалното зголемување на понудата на пазарот, само треба внимателно да го сториме тоа“, рече Путин, посочувајќи индиректно на брзото сертифицирање на контроверзниот гасовод Северен тек 2 .
Северен тек 2 лежи под Балтичкото Море меѓу Русија и Германија, но е поврзан во долг, комплициран и високо политизиран процес на дозволи.
Иако самиот Путин директно не ги поврза дополнителните залихи со одобрување на гасоводот, тој истакна дека друг главен пат за рускиот извоз во Европа, Украина, бил поскап и загадувачки.
Но, рускиот вицепремиер Александар Новак беше подиректен и вчера изјави дека сертификатот за подводниот гасовод Северен тек 2, кој очекува дозвола од германскиот регулатор, може да ги олади високите европски цени на гасот.