Развојната банка на Северна Македонија денеска го објави јавниот оглас за за поднесување на кредитни барања за директно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19, со што започнува реализацијата на третата бескаматна кредитна линија за поддршка на економијата.
Кредитната линија е наменета за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, за основни и обртни средства, со рок на враќање до 3 години и грејс период од шест месеци.
Фондот за микро и мали претпријатија од кој ќе се реализира оваа кредитна линија е формиран со средства преку EU4Reselience ИПА програмата на Европската Унија кои се ставени на располагање на Фондот во износ до 30 милиони евра
Кредитните барања ќе може да се поднесуваат од 16.12.2020 со 30.12.2020 година.
Повеќе детали за јавниот повик можете да погледнете на следниот ЛИНК.
Преку оваа кредитна линија се очекува да им се помогне на 2.000 домашни претпријатија полесно да ја поминат ковид-кризата со плаќање на нула камата. Од оваа сума, 30 милиони евра се обезбедени од Европската унија преку ИПА-програмата
– Може да учествуваат сите микро и мали претпријатија, трговци-поединци и занаетчии. Тоа се 2,5 пати повеќе средства за финансисрање на тековните трошоци и поголема ликвидност на претпријатијата во однос на претходните бескаматни кредитни линии. Очекуваме на повикот да аплицираат 2.000 субјекти, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Кире Наумов, директорот на Развојна Банка, рече дека почетокот за доставувавње на барањата е закажан за 16 декември од 00.00 часот, а повикот ќе трае 14 дена. По затворањето на повикот, барањата ќе се обработуваат хронолошки, а кредитите ќе се даваат по принципот „Прв дојден прв услужен“.
– Сите домашни субјекти треба да имаат пад на приходите од април до август за 20 отсто во однос на минатата година. Кредитите ќе треба да се вратат за три години а грејс периодот е шест месеци. Минимален износ е 3.000 евра, а максималниот 5.000 евра за трговец-поединец и занаетчија и 15.000 евра за мало и микро претпријатие, рече Наумов.
Ќе има и кредити со грант компонентата од 30 отсто, за претпријатија управувани од жени, млади до 29 години, извознички фирми чии приходи од странство се најмалку 50 отсто и тие од зелена економија, односно кои работата на полето на модернизација, дигитализација и иновации.
Евроамбасадорот Дејвид Гир наведе дека доделените 30 милиони евра за оваа најголема досега бескаматна линија е доказ дека Европската унија е најголем помагател на Северна Македонија.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/315131049561390