Во првата половина на 2021 година, Развојната банка на Р.С.Македонија осигурала извозни и домашни побарувања во износ од 98 милиони евра за купувачи во 33 различни земји
Од Банката информираат дека волуменот на осигурани побарувања во однос на истиот период минатата година е зголемен за 3,4 пати.
“Развојната банка на Северна Македонија очекува годината да ја заврши со рекорден износ на осигурани побарувања на домашен и странски пазар, со што позитивно влијае на извозната компонента во економијата”, велат од Развојанта банка.
За да им се помогне на македонските компании т кои продаваат на отворено, Развојната банка врши осигурување на побарувањата на краток рок од комерцијални и политички ризици.
Корисници на кредитното осигурување можат да бидат трговски друштва регистрирани во земјава кои вршат продажба на стоки и услуги на отворена сметка со рок на плаќање до 360 дена.
Со користење на кредитното осигурување се обезбедува сигурност во наплатата на побарувањата во земјата и странство. подобра ликвидност и билансната состојба на трговските друштва , влез на нови пазари и опстојување на постојните пазари и поедноставен пристап до финансиски средства на пазарот на капитал
Повеќе информации за тоа како да пријавите осигурување на побарувањата за вашите продажби на домашен пазар или во странство може да прочитате на следниот линк.