Во насока на олеснување и подобрување на условите за работа, посебно во време на пандемија, Развојната банка на Република Северна Македонија разви нов производ – Царински гаранции за увоз за облагородување.
Овие гаранции, пред се, се наменети за малите и средните претпријатија, особено компаниите од преработувачката индустрија кои вршат увоз на материјали заради облагородување и реализираат извоз во форма на производи и услуги.
Максималниот износ на царинската декларација ќе изнесува од 250 илјади евра до 390 илјади со рок на важност до 12 месеци и со неа ќе се гарантира 100% од износот на царинскиот долг по основа на увоз на материјали за облагородување.
Повеќе информации се достапни на следниов линк https://mbdp.com.mk/mk/garancii/carinski-garancii