Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, редовно прави исплати на кредитните барања кои се одобрени од првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид1”. Заклучно со 19 мај 2020 година, се исплатени 4,05 милиони евра кон 531 компанија со вкупно 4.948 вработени, односно 72% од одобрените кредитни барања.
Од кредитните барања одобрени на 8 април 2020 година се исплатени 98% од компаниите.Oд кредитните барања одобрени на 14 април 2020 година се исплатени 97% од компаниите.Oд кредитните барања одобрени на 28 април 2020 година се исплатени 74% од компаниите и од кредитните барања одобрени на 12 мај се исплатени 4% од компаниите.
Исплатите за првата бескаматна линија се одвиваат редовно, а отпочнаа на 15 април 2020 година. Во просек се исплаќаат по 184 илјади евра дневно, а заклучно со 19 мај 2020 година се исплатени вкупно 4.049.204 евра или 73% од одобрениот износ за исплата.
Во рамки на можностите, а во интерес на транспарентноста, Развојна банка информира за реализираните исплати по денови.
Кредитните барања се исплаќаат веднаш по завршување на административните процедури, по воспоставување на обезбедувањето и потпишување на договор за кредит со банката. Вкупно исплатените кредитни барања заклучно со 19 мај 2020 година, во износ од 4,05 милиони евра, се реализирани за 531 компанија од 51 различни места во државата.
Во рамки на можностите, а во интерес на транспарентноста, Развојна банка информира за реализираните исплати по места.