Ракијата „Тиквеш“ на македонската реномирана винарија доби специјална диплома „Најдобра увезена ракија“ за време на Ракија фест Софија, јави дописникот на МИА од Софија.
Тиквеш ја освои наградата во конкуренција со 23 други производители на ракија од водечките балкански земји во оваа област.

“Вкупно 10% од производството на ракија „Тиквеш“ се извезува во Бугарија, што ја прави македонската компанија најпрепознатлива на бугарскиот пазар на алкохол.
Тиквеш продава 80.000 литри ракија на бугарскиот пазар на алкохолни пијалоци.

Бугарскиот пазар е многу конкурентен, а Тиквеш е подготвен да одговори на овој услов, коментира Веселин Ангелов, кој е претставник на македонската компанија во Бугарија.

Извор:Миа