Бројот на товарни возови кои превезуваат стоки од централна Кина кон Европа во првата половина на 2019 година е двојно згголем во споредба со истиот период од 2018 година.
Според податоците на кинеските железници, помеѓу 2011 и 2016 година, бројот на возови што патувале годишно од Кина кон Европа бил 17, 42, 80, 308 и 1.702 возови. Нагло зголемување е забележано во 2017 година, кога 3.673 возови биле испратени во Европа. Во 2018 година, оваа бројка се искачи за 73%, на 6.363 возови.
Структурата на транспортот исто така е сменета. Зголемен е увозот на стоки во Кина како облека, обувки, автомобилски делови, земјоделски производи, храна, дрво, мебел, хемикалии и индустриски производи.
До нагло зголемување на побарувачката за контејнерскиот транспорт на кинеска стока, меѓу другото, дојде и поради намалување на цената на транспортните услуги. Цената на еден FEU (еквивалент на контејнер од 40 стопи) падна од 8.100 евра во 2011 година на 4.300 евра во 2012 година, пред да се стабилизира на околу 5.000 евра за FEU.
Според прогнозите експертите од Евроазиската банка за развој, сегашните цени на испорака на контејнери од Кина во Европа ќе останат на сила до крајот на 2020 година.