Според експертите, пандемијата на Ковид 19 и масовните прекини во производството во Југоисточна Азија ќе доведат до поголема диверзификација и големо преобликување на глобалните синџири на снабдување.
Југоисточна Азија се појави како клучен играч во глобалните синџири на снабдување во изминатите неколку децении, а земјите како Виетнам, Тајланд и Малезија станаа главни производствени центри. Регионот сега е клучна производствена зона за автомобили, компјутери, електроника и облека, меѓу другите производи.

Но, масивните нарушувања во производството предизвикани од пандемијата на Ковид 19 , сега се закануваат да предизвикаат промена во синџирите на снабдување.

Регионот беше погоден од повторниот раст на заразени со коронавирус во последните месеци, во голема мера заради многу позаразната варијанта на делта. Мерките за карантин и построгите ограничувања за контрола на ширењето на вирусот, исто така, ги затворија фабриките во многу земји.

Производството низ целиот регион било лошо погодено и намалено во текот на август, покажува истражувањето спроведено на околу 2.100 фабрики.

„Најголеми стапки на пад на производството се забележани во Мјанмар, Виетнам и Малезија“, велат IHS Markit.

Затворањето на фабриките заради повторното ширење на делта сојот влијае, особено во земји како Тајланд и Виетнам, влијае на глобалните синџири на снабдување.

Многу компании кои набавуваат стоки од регионот велат дека се соочиле со невидени прекини оваа година поради ширењето на делта сојот и недостатокот на контејнери.

„Со оглед на зголемената улога на Виетнам во глобалните синџири на снабдување со производство, особено во последната фаза на склопување на електроника, во последниве години, напливот на инфекции се чувствува кај стоките поврзани со телекомуникацијата“, изјави за ДВ Сиан Фенер, водечки азиски економист во Oxford Economics.

Над 100 фабрики за преработка на морска храна беа затворени во јужен Виетнам во периодите во август, додека повеќе од една третина од текстилните и фабриките за облека, исто така, се привремено затворени во последните недели поради пандемијата.

Компаниите како Samsung и Toyota исто така се соочија со предизвици во производството. Samsung делумно успеал да ги ублажи нарушувањата со префрлање на производството во други делови од нивниот глобален синџир на снабдување со производство, но Тојота беше принудена привремено да запре неколку линии за монтажа на автомобили поради нарушување на синџирите на снабдување во производствените центри во Југоисточна Азија.

Во случајот со Тајланд, егзодусот на работниците мигранти од почетокот на пандемијата води кон недостаток на работна сила. Тоа особено влијае врз трудоинтензивниот производствен сектор, особено храна, текстил и некои производители на гума.

Кога се очекуваме подобрување на ситуацијата?

Според експертите од Oxfor Economiss нарушувањата во синџирот на снабдување и притисокот на цените би можеле да започнат да се намалуваат на почетокот на следната година. Но, тој предупреди дека нарушувањата веројатно ќе траат подолго во некои сектори како што е индустријата за полупроводници, што имаше негативно влијание врз автомобилското производство.

Дали фирмите трајно ќе се оддалечат од глобалните синџири на вредност?

Масивните нарушувања кои ги предизвика ширењето на коронавирусот, исто така, предизвикуваат реосмислување на синџирите на снабдување во многу области. Карантините и другите мерки покажаа колку се растегнати и кревки глобалните синџири на снабдување денес.

„Ова може да доведе до поголема диверзификација, но ние мислиме дека преобликувањето ќе биде ограничено и ние сe уште веруваме дека Азија ќе остане атрактивна дестинација за странски директни инвестиции, особено во Виетнам, со оглед на поволната динамика на пазарот на трудот, зголемената регионална побарувачка на потрошувачите и поволната трговијата и политиките за СДИ “, вели Сиан Фенер, главен економист за Азија на Oxford Economics

Раџив Бисвас, главен економист за Азиско-пацифичкиот регион во IHS Markit смета дека пандемијата ќе резултира со големо преобликување на глобалните синџири на снабдување.

„Ова ќе ја подобри глобалната диверзификација на синџирите на снабдување и ќе доведе до зголемени домашни производствени капацитети во критичните индустриски сегменти, како што се медицинска опрема, производство на вакцини и производство на клучна електронска опрема, особено полупроводници“, рече тој.

Ова гледиште го дели Алисија Гарсија-Хереро, постара соработничка во европскиот тинк-тенк Бругел.
„Единствениот начин да се направат синџирите на снабдување поотпорни е земјите да имаат повеќе влезни точки за нивните инпути за да ја зголемат диверзификацијата и да пристапат до нив кога е потребно“, додаде таа.

Извор: Дојче Веле