Оптимизмот меѓу германските извозници, кои беа силно погодени од кризата со коронавирус, го достигна највисокото ниво во септември од октомври 2018 година, соопшти во петокот институтот Ifo.
Индексот на извозни очекувања на Ifo се искачи на 10,4 во септември, што е највисоко ниво од октомври 2018 година.

Се наведува дека значително повеќе компании во секторите за хемиска и електрична опрема предвидуваат зголемување на пратките во странство во четвртиот квартал.

Автомобилската индустрија исто така очекува зголемување на продажбите во странство, додека производителите на облека, кожни производи и обувки предвидуваат продажбата значително да опадне.

Овие проценки одат во корист на копмпаниите од индустријата за автомобилски делови во земјава кои се силно зависни од германската авто индустрија, но навестуваат уште потежок период за македонската текстилна и кожарска индустрија.

Германската индустрија за облека е еден од најголемите трговски партнери на македонските извозни компании од текстилната и кожарската индустрија, кои имаат голем пад на нарачките, посебно од Германиј и Италија.