Нерамнотежата во понудата и побарувачката, предизвикана од трговските ограничувања заради Ковид 19 ги дигна цените на товарниот транспорт на највисоко ниво, додека извозниците низ целиот свет се соочуваат со тесни грла во пронаоѓањето празни контејнери.
На рутата Кина-Европа, цените на товарот значително се зголемени во споредба со лани, што и даде конкурентска предност на Турција и и донесе рекордно висок извоз.

Цените за поморски контејнерски транспорт помеѓу Кина и САД и Кина и Европа се на рекордно високо ниво. Годинава беше постигната рекордно највисока цена од 20.000 долари за контејнер од 12.1 метар (40 foot) за превоз меѓу САД и Кина.
Турција се наметнува како еден од добитниците од рекордното зголемување на цените на товарот од и кон Кина.

Додека тековната цена за товарот од Турција до Италија е 2.000 долари, тоа изминатиов период на моменти се искаќи и до ниво од 10.000 долари за товар од Кина до Италија.

Зголемувањето на трошоците за логистика имаа помало влијание врз рутата Турција-Европската унија отколку рутата Кина-ЕУ.

Експертите велат дека не забележале такво зголемување на превозот повеќе од 30 години. Овие високи бројки се очекува да траат до кинеската Нова година во 2022 година. Според податоците на Freightos, постојат рути кои доживеале раст на цената до 500% на годишно ниво.

Тахсин Озтирјаки, шеф на Асоцијацијата на извозници на црни и обоени метали на Истанбул, изјави дека транспортот на стоки од Турција до Франкфурт чини 7.000 долари, додека кинеските извознии плаќаат 14.000 долари.

„Нашата продажба во ЕУ се зголемува. Друга предност на Турција се опциите и за патен и железнички транспорт … Инвестициите што треба да се направат во железницата ќе ја зголемат оваа предност уште повеќе “, рече тој.

Турските извозници во јули годинава остварија најголем досега месечен извоз, а годишниот извоз за прв пат надмина 200 милијарди долар.

Проблемот со недостатокот на снабдување со празни контејнери започна во третиот квартал минатата година, кога крајот на првиот бран на пандемијата создаде бум на побарувачката во САД.

Кина, која доминира во светската трговија со контејнери, го намали производството, што доведе до зголемување на цените на контејнерите и ги остави извозниците очајно да бараат и да наддаваат за празни контејнери.

Турското Министерство за индустрија и технологија и Министерството за трговија уште во јануари објавија дека за да го решат проблемот со контејнерите, започнаа преговори со локалните производители за да почнат производство на товарни контејнери, за кое беше најавана и поддршка од државата.

Извор: Daily Sabah