Во рамките на редовната проверка на пратките во надворешно-трговската размена, Републичката фитосанитарна инспекција забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Македонија, бидејќи остатоци од пестициди се пронајдени над пропишаното максимално ниво, изјави за Срна Инспекторатот на Република Српска .
Контролата на овошјето и зеленчукот во Република Српска се изведува при увоз, со цел да се утврди дали е здраво и безбедно за човечка употреба, а најголем ризик кај овие производи е нелегалното количество пестициди, микотоксини и тешки метали, а тоа се параметрите на кои вршат лабораториски анализи.
Инспекторатот навел дека во првата половина на оваа година, при увозот, надлежната инспекција зела 607 примероци овошје, зеленчук и житни култури за исхрана на луѓето за потребите на лабораториско испитување.
Неправилности се откриени кај две пратки, а инспекторот издал решение со кое се забранува увоз и наредува враќање на пратките до испраќачот или уништување под надзор на надлежниот инспектор.
Надлежните инспектори посветуваат особено внимание на сезонските производи, кои поинтензивно се увезуваат во одреден пократок период од годината и се карактеристични за одредени сезони.
.Извор: Srna.rs