Агенцијата за кредитен рејтинг Moody’s го смени изгледот за автомобилската индустрија од негативен во стабилена, наведувајќи го очекуваниот пораст на побарувачката во 2021 година како една од причините за овој потег.
Промената беше направена откако Moody’s заклучи дека побарувачката го достигна дното.
Сепак, агенцијата за рејтинг Moody’s предупредува дека „враќањето кон нивото пред пандемијата ќе биде бавно, со значителни ризици за опаѓање“.

Аналитичарите на рејтинг агенцијата веруваат дека автомобилската индустрија е во подобра состојба како резултат на агресивно намалување на трошоците и прифаќање на преструктуирањето.
Нивоата на залихи се намалени, додека стратегиите за зачувување на готовина се уште еден влијателен фактор во закрепнувањето на индустријата.
Според добро позната агенција за кредитен рејтинг, брзата реакција на автомобилската индустрија на пандемијата овозможи производството да започне повторно без поголеми прекини.
„Наместо да се соочуваат со големи проблеми, рестартирањето на производството беше главно мазно, а нарушувањата во синџирите на снабдување не беа полоши од очекувањата“.

Што се однесува до иднината, Moody’s верува дека пандемијата ќе дејствува како катализатор за забрзување на процесите на локализација на синџирите на снабдување.
Аналитичарите, исто така, очекуваат поголем фокус на безбедноста на работното место, како и придвижување кон производство на електрични возила, бидејќи владите воведуваат субвенции за поттикнување на декарбонизацијата.