“Газпром“ ни го достави потпишаниот договор со најголемото намалuвање на цената на природниот гас, кое изнесува над 40%, што е најголемо намалување од сите држави”, изјави премиерот Бојко Борисов.
Намалувањето е резултат на седуммесечните преговори меѓу „Булгаргаз“ и „Газпром“ за промена на цената за достава на природниот гас врз основа на договорот меѓу Европската комисија и руската компанија. Со тоа е постигнат договор за промена на формирањето на цената на природниот гас на месечна база. Досега цената се определуваше на база на нафтените деривати. Во новата формула основниот дел ќе се формира од цената на регионалните пазари. Како резултат од воведувањето на новата формула, цената за испорака на природниот гас се намалува за 40,3% во споредба со сегашната цена која ја плаќала Бугарија.
Борисов вели дека минатата година Бугарија увезла близу 0,5 милијарди кубни течен природен гас од алтернативни извори.
“Диверзификацијата и конкуренцијата покажуваат како се намалуваат цените на гасот”, потенцира Борисов.
Министерот на енергетиката Теменушка Петкова изјави дека постигнато огромно намалување на цените на природниот гас, кое ќе ја направи бугарската економија поконкурентна.
„Благодарение на улогата на Европската комисија можеме да се пофалиме со овоји одличен резултат“, изјави Петкова, посочувајќи дека новата ценовна формула ќе се применува ретроактивно, почнувајќи од 5 август 2019 година. Според Петкова, ова е најголемото намалување на гас во Бугарија кое ќе има значителен ефект врз топлификациските компании и целата бугарската економија.
Целиог гас кој се користи во Македонија е руски гас кој го увезува од Бугарија. Некои очекуваат дека намалувањето на цената на гасот ќе доведе до намалување на цените на гасот во земјава, посебно заради тоа што Македонија вопослениве години работи засилено на диверзификација на изворите на снабдување со гас.
Некои аналитичари потенцираат дека намалувањето на цената на гасот е резултат на напорите кои беа вложени во минатото за да се намали целосната зависност од руски гас.
Интерконекторот Грција, чија изградба била забавувана од енергетски лоби групи повеќе од 10 години, гасоводот за пристап до гас од Азербејџан и течниот американски гас од грчките терминали во Александопулос и донесоа диверзификација на Бугарија на изворите на снабдување со гас и поголема конкуренција, што резултираше со големо намалување на цените.