Руската енергетска компанија Газпром денеска соопшти дека ја прекинала испораката на гас за Бугарија и Полска поради тоа што двете земји не го платиле гасот во рубли и испораките ќе останат во прекин се додека не се нарават исплатите во рубљи.
Ова е најтешката одмазда на Кремљ досега на меѓународните санкции поради војната во Украина.
Полска и Бугарија потврдија дека снабдувањето е прекинато и обвинија Гаспром за кршење на долгогодишните договори за снабдување.
„Бидејќи се почитуваат сите трговски и законски обврски, јасно е дека во моментов природниот гас повеќе се користи како политичко и економско оружје во актуелната војна“, рече бугарскиот министер за енергетика Александар Николов.
Цените на природниот гас скокнаа за 24% на 127,5 евра за мегават откако Софија и Варшава добија известувања за прекинот на испораката на гас во вторникот вечерта.
Бугарскиот министер за енергетика потврди дека Бугарија е обезбедена со гас доволно за 1 месец и дека испораките кон Србија и Унгарија нема да бидат ограничуванни.
Официјална Моска ги предупреди Полска и Бугарија дека доколку земаат количини на гас кои се наменети за транзит кон други држави, количините ќе бидат дополнително намалени.
Овој потег од страна на Русија е очекуван откако рускиот претседател Владимир Путин побара купувачите од „непријателските“ земји да го плаќаат гасот во рубљи или да бидат прекинати испораките, почнувајќи од датумот кога плаќањата доспеваат за април.
Европската унија го отфрли ова барање и прекинот на гасот го оцени како уцена од страна на Русија.
Полска го добива својот руски гас преку гасоводот Јамал-Европа од огромните руски гасни полиња на далечниот север на Арктикот, кој продолжува на запад да ја снабдува Германија и другите европски земји.
Бугарија, пак, се снабдува преку цевки преку Турција, а преку Бугарија рускиот гас стига и во Македонија.
Полската државна компанија за гас PGNiG потврди дека нејзините испораки од Гаспром биле прекинати, но рече дека сè уште ги снабдува своите клиенти по потреба.
„Скратувањето на испораките на гас е прекршување на договорот и PGNiG го задржува правото да бара компензација и ќе ги искористи сите расположливи договорни и правни средства за да го стори тоа“, велат од компанијата.
Испораките од Газпром покриваат околу 50% од потрошувачката на Полска и околу 90% од потрошувачката на Бугарија. Полска рече дека нема потреба да користи резерви и дека складиштето за гас е исполнето со 76%. Бугарија соопшти дека е во преговори за обид за увоз на течен природен гас преку Турција и Грција.
Рускиот извоз на енергија до сега продолжуваше во голема мера непречено од почетокот на војната во Украина.
Украина ја повика Европа да престане да ги финансира воените напори на Москва со прекин на увозот на енергија што на Русија и носи стотици милиони долари дневно.
Германија, најголемиот купувач на руска енергија, оваа недела рече дека се надева дека ќе престане да увезува руска нафта за неколку дена. Но, одвикнувањето на Европа од евтиниот и изобилен руски природен гас, кој ги загрева нејзините куќи, ги подгрева нејзините фабрики и ги придвижува нејзините електрични централи, ќе оди многу потешко.
Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Русија „ја започнува уцената со гас на Европа“.
„Русија се обидува да го наруши единството на нашите сојузници“, рече Јермак.