САД ги откажуваат сите инвестициски проекти на Косово додека не ги укинат царините кон Србија и БиХ?

0
209

САД одлучиле да ги откажат сите големи инвестициски проекти во Косово сè додека косовската влада не ги укина царините за увоз на стоки од Србија и БиХ, објави РТК, повикувајќи се на свои извори.

Американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, кој е и специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за прегворите со Косово, наводно вчера имал „јасна и остра комуникација“ со косовскиот премиер Албин Курти и со спикерот на Собранието, Вијо Османи, на кои им ставил јасно до знаење дека САД се подготвени да инвестираат милиони во Косово ако се отстрани таксата.

„Сепак, САД ќе ги откажат сите проекти сè додека владата не ги отстрани царините и не ги напушти плановите за елиминирање на реципроцитетот“,објави РТК.

Гренел бил јасен и на Твитер, наведувајќи дека царините мора да бидат укинати за да има инвестиции. Тоа е основно, напиша Гренел, кој и по формирањето на косовската влада, имаше јасна порака дека очекува новите претставници на владата да ги укинат царините.