Саемот Fruit Logistica во Берлин одложен за 18-20 мај следната 2021 година

Еден од најпознатите саеми со овошје и зеленчук Fruit Logistica кој се одржува Берлин е одложен и ќе се одржи во периодот од 18 до 20 мај 2021 година, соопшти прес службата на Fruit Logistica.

Офлајн дел од саемор ќе се одржи во Берлин, а форматот на настанот предвидува и вклучување преку Интернет.
Мотото на претстојната изложба е „Запознајте се на лице место. Поврзете се онлајн”.
„Ковид-19 не соочи со сериозни проблеми кои сè уште не можат да се надминат. Се запрашавме што им требаат на излагачите и посетителите и како можеме да им го обезбедиме тоа. Нашиот пристап ни овозможува да ги зајакнеме нашите клиенти“, вели Медлин Мизериус, виш менаџер на Fruit Logistica.
Организаторите гледаат само предности во одложувањето на настанот. Особено, новите датуми ќе го зголемат бројот на странски учесници, а дополнителните дигитални алатки ќе овозможат настанот да се емитува и преку Интернет.„Благодарение на новиот концепт, ќе можеме да ги собереме сите учесници во индустријата за овошје и зеленчук во 2021 година, и покрај помалата површина на изложеност“, додаде Мизериус.

Новиот формат ќе ги намали инвестициите на учесниците, овозможува време за одлуки и исто така го намалува бројот на вработени потребни за да бидат на нивниот штанд во Берлин.

Информации за пакетите за учество и дополнителни информации за учеството на саемот може да погледнете на следниот линк, а регистрацијата започнува од 20 ноември 2020 година.

На последниот саем Fruit Logistica кој се одржа во февруари годинава во Берлин учествуваа 12 македонски компании кои се занимаваат со извоз на овошје и зеленчук. Меѓу учесниците беа Хортена, Туран, Екстра Фунги, Баџо, Виториа Фрут, Агролозар, Невада, Душан Ќириќ, Румко 91од Ресен, Перминдекс, Фрукт Компани и Јуникс.

Саемот Fruitlogistica во Берлин како водечки меѓународен саем за свежо овошје и зеленчук, е многу важен настан за македонското земјоделство зошто на истиот секоја година се присутни најголемите увозници и дистрибутери, меѓу кои и глобалните лидери во индустријата за свежи производи и истиот е место за согледување на најновите трендови, како и развој во производството и трговијата на свежо овошје и зеленчук.
Овој специјализиран саем им нуди на сите сектори поврзани со свежо овошје и зеленчук, идеална можност да ги презентираат своите производи од самото нивно производство до точката на продажба, како и идеална можност за остварување на меѓусебен бизнис