Владите ширум светот се обидуваат да преземат акција за да им помогнат на компаниите погодени од ширењето на новиот коронавирус кој предизвика голема рецесија, но светот се чини се соочува со темпирана временска бомба заради очекуваниот раст на бројот на банкроти.
Бројот на банкротства до 2021 година ќе се зголеми за 35% во однос на банкротите во 2019 година, се вели во студијата на групата за кредитно и трговско осигурување Euler Hermes.
„Ковид-19 создава временска бомба за несолвентност“, се вели во извештајот на Euler Hermes.Фирмата, која обезбедува осигурување за трговски зделки, рече дека ова ќе биде рекорд за нејзиниот глобален индекс на несолвентност – и дека околу половина од земјите во светот ќе постават нови рекорди во однос на бројот на банкроти од финансиската криза во 2009 година.
“Кризата од „Ковид-19“ ќе предизвика големо забрзување на деловните банкроти како резултат на ненадејноста и големината на економскиот шок и нејзините очекувани трајни ефекти. Овие трајни ефекти се критични за компаниите кои веќе беа ранливи пред кризата и сега се меѓу секторите најтешко погодени со мерките за борба со пандемијата, како транспорт, автомобилска индустрија, трговија на мало, хотели и ресторани”, се вели во Извештајот.
Најголем број на банкротства меѓу водечките економии се очекува во САД, каде се очекува бројот на банкроти да се зголеми за 57% до 2021 година.
Euler Hermes прогнозира раст на банкротите на фирми за 45% во Бразил, 43% во Велика Британија и 41% во Шпанија. Бројот на банкротства во Кина, каде што избувна новиот коронавирус, ќе се зголеми за 20%.
Бројот на банкроти во Бугарија се очекува да се зголеми за 21%, во Грција за 33%, во Италија за 27%, во Романија за 23%.
“Сите региони и држави се очекува да постигнат двоцифрено зголемување на несолвентноста, при што најголем раст се очекува да има во Северна Америка (+ 56% до крајот на 2021 година), по што следат Централна и Источна Европа (+ 35%) и Латинска Америка (+ 33%). Во Азија, Еулер Хермес очекува зголемување од + 31% до 2021 година, а во Западна Европа + 32%”, се вели во Извештајот.
Осигурителната група исто така пресмета дека стапката на несолвентност и банкроти меѓу фирмите ќе се искачи на највисоко ниво од 2009 година, кога светот беше погоден од финансиската криза.
Банкротите предизвикуваат големи нарушувања бидејќи другите фирми остануваат неплатени или принудени да се борат да најдат нови, честопати поскапи добавувачи.
„Колку е поголема компанијата што оди во банкрот, толку е поголем ризикот од посилен домино ефект“, се вели во извештајот.
Од Euler Hermes исто така предупредуваат за две сценарија во кои банкротите би можеле да се зголемат дури и повеќе. Предвременото повлекување на мерките за поддршка на економските субјекти може да доведе до пораст на банкротите за 40% до 45%.
„Ако глобалното закрепнување на економијата трае подолго од очекуваното, зголемувањето на банкротите во некој земји би можело да се искачи за 85% до 95%“, се додава во Извештајот.
Повеќе детали за Извештајот можете да погледнете на следниот линк.