Светот се дави во долгови             

Индикаторот кој го мери односот на вкупниот долг кон светскиот Бруто домашен производ (БДП) постигна рекордна вредност на крајот на 2019 година.

Глобалниот долг, кој го сочинуваат кредитите на домаќинствата, владите и компаниите, во првите десет месеци од 2019 година се зголеми за 9 трилиони долари на близу 253 трилиони долари за тој период, според податоците Институтот за меѓународни финансии.

Тоа го става односот на глобалниот долг кон БДП на 322%, надминувајќи ја 2016 година како највисоко досега ниво.

Повеќе од половина од овој огромен долг е акумулиран во развиените пазари, како што се САД и ЕУ, со што нивниот однос долг-БДП изнесува дури 383%.

Има многу виновници за ова. Земјите како Нов Зеланд, Швајцарија и Норвешка имаат зголемено ниво на долг на домаќинствата, додека владините задолжувања како учество воБДП во САД и Австралија се на највисоко ниво.

На пазарите во развој, нивото на долг е пониско за вкупно 72 трилиони долари, но и нивната задолженост се зголемува побрзо во последните години.

На пример, односот долгот кон БДП на Кина се приближува до 310%, што е највисоко ниво во развиениот свет. Инвеститорите долго време скептично гледаат кон оваа високо задолжена земја. По притисокот врз кинеските компании да го намалат своето задолжување во 2017 и 2018 година, нивото на долгот повторно се зголеми минатата 2019 година.

Ваквиот огромен глобален долг е реален ризик за глобалната економија, особено затоа што се очекува дека нивото ќе се зголеми уште повеќе во 2020 година поттикнат од ниските каматни стапки и лабавите финансиски услови.

Проценките се дека вкупниот глобален долг ќе надмине 257 трилиони американски долари во првиот квартал на 2020 година.

Американските Федералните резерви ги намалија каматните стапки трипати минатата година, а основната каматна стапка на Европската централна банка се уште се држи на ниско ниво.

И покрај поволните услови за позајмување, ризикот за рефинансирање е голем.

Светска банка предупредува за глобална должничка криза

И светската банка предупредува на ризикот од нова светска должничка криза, по најголемото зголемување на долгот во изминатите 50 години.

Светската банка смета дека има ризици за финансиска криза и покрај тоа што историски ниските каматни стапки го олеснуваат управувањето со долгот.

Кај околу 80% од економиите во развој, вкупниот долг бил повисок во 2018 година отколку во 2010 година.

Од Светската банка сметаат дека во услови на сложена и ранлива глобално опкружување, неопходни се подобрување на политиките за да се минимизираат ризиците поврзани со зголемување на долгот.