Светската потрошувачка на вино во 2020 година падна за 3% проценти во споредба со 2019 година и е на најниско ниво од 2002 година, се вели во извештајот објавен од Меѓународната организација за лозарство и енологија.
„Светската потрошувачка на вино во 2020 година се проценува на 234 милиони хектолитри, што е за 3% помалку од 2019 година и е најниско ниво на потрошувачка од 2002 година“, се вели во Извештајот.

Во исто време, светското производство на вино се зголеми за 1% во споредба со 2019 година и достигна 260 милиони хектолитри.

Според експертите, потрошувачката на вино беше погодена од пандемијата на Ковид 19 која ги принуди властите во речиси целиот свет да ги затворат баровите и рестораните и да го ограничат влезот на туристи.

Потрошувачката паднала најмногу во Кина, со 17,4 % и во Јужна Африка, со 19,4%.

Падот на производството и потрошувачката на вино во Кина веројатно ќе сигнализира успорување на брзиот раст на кинескиот пазар на вино, што започна пред 20 години, се проценува во Извештајот.

> Извозот на вино лани намален за 2,8%, на 45 милиони евра


>> ПОВРЗАНИ ВЕСТИ